full screen background image
Search

ŠKODA на овогодинешниот Wörthersee Treffen!

Оваа година на Worthersee Treffen во Австрија, чешката рака на Volkswagen групацијата ќе претстави неколку различни и потполно уникатни возила!

Она што ќе ги пречека посетителите е Skoda Fabia R5 рели возилото кое се појавува на Worthersee веднаш по својата прва трка. Возилото има ултра-модерна технологија, вклучувајќи 1.6-литарски турбо бензинец. Понатаму, тука е и Fabia R5 Combi – караванска верзија на рели возилото предвидено да биде визија за тоа во која насока би можела да се движи спортската дивизија на брендот.

Најекстремниот концепт е Skoda FUNstar – возило изработено од практикантите во Skoda, кои овој пат направија интересен пикап базиран на новата Fabia. На практикантите им беше потребен еден месец за да го направат ова возило, а автомобилот дополнително нуди аудио систем со моќност од 1400 вати!

Сликата ја комплетираат Skoda Fabia Red & Grey, која ги покажува можностите за фабричка персонализација на малиот хечбек на Skoda, како и Skoda Octavia Combi RS 230, која е најбрзата Octavia караван до сега со максимална брзина од 247 километри на час. Дополнително, Octavia Combi RS 230 е првиот автомобил на Skoda кој во сериско производство има електронски преден диференцијал за зголемена агилност при влегување во свиоци.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.