full screen background image
Search

Горивата поскапуваат по три денари за литар!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи од вечерва да плаќаме поскапо гориво – бензините и дизелот поскапуваат по три денари за литар!

Согласно методологијата за пресметка на малопродажните цени на горивата, цените растат во просек за 5.23%. Преведено во вистински вредности, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ растат по три денари, и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 72.00, 74.00 односно 57.50 денари за литар.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.