Volkswagen го потврди екстремниот Golf R400; ќе има повеќе од 400 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го потврди екстремниот Golf R400; ќе има повеќе од 400 коњски сили!

Конфирмацијата за најекстремниот сериски Golf на сите времиња доаѓа од Heinz-Jakob Neusser, одговорниот за погонски единици во Volkswagen – тој потврди дека R400 ќе оди во сериско производство и ќе има повеќе од 400 коњски сили!

„Ќе го направиме Golf поспортски од било кога, бидејќи наскоро ќе го имаме Golf R400 – ние ќе го направиме овој автомобил! Всушност, во моментов работиме на него!“ – им кажа Neusser на колегите од CAR Magazine. Golf R400 ќе носи целосно нов 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува повеќе од 400 коњски сили, и за прв пат го видовме во Audi TT Quattro Sport концептот минатата година.

Во тој концепт моторот нудеше 420 коњски сили, а серискиот Golf R400 би добил малку детјунирана верзија. Кога на рецептот ќе се додаде и погонот на сите четири тркала, Volkswagen би требало да го понуди најбрзиот хот хеч во светот. Дебито се очекува на Франкфуртското Мотор Шоу во Септември, а првите купувачи би требало да ги добијат своите автомобили кон крајот на оваа, или почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.