full screen background image
Search

Mercedes-Benz CLA Shooting Brake пристигна и кај нас!

Интересната караванска изведба на CLA на Mercedes-Benz пристигна и во Македонија, и денес го имате своето деби во просториите на Мак Аутостар!

Спортски пропорции и моќен динамичен дизајн со сензитивни линии,го прави CLA Shooting Brake уникатен во својот изглед. Издолжениот coupe дизајн со спуштен горен дел на возилото, како и подигнатата највисока контура на долниот дел на автомобилот, се клучните елементи за исклучителниот изглед на CLA Shooting Brake, што го прави да биде повеќе од купе со четири врати.

CLA Shooting Brake со димензии (должина/ширина/висина: 4630/1777/1435 mm) првично ќе биде достапен со два дизелски и четири бензински агрегати, како и со погон на четири тркала 4MATIC и може да се комбинираат со мануелен или со 7G DCT автоматски менувач.

Понудата на CLA Shooting Brake во Македонија започнува со CLA 180, кој носи 1.6-литарски турбо-бензинец со 122 коњски сили и чини 29.950 Евра. Врв на бензинската понуда е CLA 250 со 211 коњски сили, или за оние кои сакаат нешто екстремно – тука е CLA 45 AMG Shooting Brake со 2-литарски турбо-бензинец и 360 коњски сили. Оние кои сакаат дизел можат да изберат меѓу CLA 200 и CLA 220 CDI со 136, односно 177 коњски сили. Цените на дизелите започнуваат од 34.450 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.