full screen background image
Search

Ford ги потврди перформансите на европскиот Mustang!

Сакате Ford Mustang? Очекувајте одлични перформанси – доколку го изберете 5-литарскиот V8 ќе стигнете „д0 стотка“ за 4.8 секунди, а со 2.3-литарскиот EcoBoost за 5.8 секунди!

Според Ford, новиот Mustang ќе биде сериски модел со најбрзо забрзување на брендот во Европа. Mustang може да биде опремен со 5-литарски V8 бензинец кој испорачува 421 коњска сила и 530 Nm вртежен момент, или пак со 2.3-литарскиот EcoBoost турбо-бензинец со четири цилиндри. Доколку го одберете големиот V8 ќе забрзате до 100 километри на час за 4.8 секунди, а доколку го одберете 2.3-литарскиот EcoBoost со 317 коњски сили и 432 Nm ќе го постигнете истиот бенчмарк за 5.8 секунди.

Сите примероци на Mustang кои ќе се продадат во Европа ќе дојдат опремени со Performance пакетот, кој вклучува помоќни сопирачки и доработен систем за ладење. Автомобилот ќе дојде со четири различни режими на работа – Normal, Sport+, Track и Snow/Wet режим. Купувачите ќе добијат и 19-инчни тркала, ксенонски светла, заден дифузер и уште многу други ситници. Во моментов Ford има веќе 2200 нарачки, а автомобилот уште не е на продажба. Првите купувачи ќе ги добијат своите автомобили во Јули!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.