Шведскиот производител, кој сега е под закрилата на Geely Holding Group најавува нова генерација на компактни автомобили кои ќе се базираат на заедничка платформа, и ќе се произведуваат во фабриката на Volvo во Белгија.
Според Hakan Samuelsson, претседателот на Volvo, автомобилите ќе делат платформа и ќе бидат развиени заедно со Geely Holding Group. Покрај Белгија, автомобилите најверојатно ќе се произведуваат и во Кина, но ќе бидат наменети исклучиво за тамошниот пазар.
„Решивме дека ќе го користиме Гент во Европа“ – изјави Samuelsson, референцирајќи се кон фабриката на Volvo во Гент, Белгија. Остануваат отворени опциите за тоа каде во Кина би се произведувале автомобилите за кинескиот пазар. Во моментов во Гент се произведуваат S60, V40 и XC60. Првото ново возило кое ќе се произведува во Гент ќе биде базирано на CMA (Compact Modular Architecture) платформата на Volvo.