Утринска Гимнастика: Како Bosch го замислува автономното возење? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Како Bosch го замислува автономното возење?

Германската компанија објави видео преку кое ја претставува својата визија за тоа би можела да изгледа комбинацијата на мануелно и автономно возење за неколку години од сега.

Bosch за ова видео ја искористи несекојдневната и технолошки-напредната Tesla Model S, која наместо средишна конзола има голем екран преку кој може да претстави навистина многу информации. Интересни се можностите за искористување на слободното време, но и  начинот на кој автомобилот може да ги учи навиките и стилот на возење на возачот, и соодветно да го прилагоди начинот на кој автомобилот се однесува за време на автономното возење. Погледнете како Bosch ја замислува иднината на возењето!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.