full screen background image
Search

Volkswagen C Coupé GTE – Најава за идните аспирации на Wolfsburg!

Според некои кои се подобро запознаени, новиот C Coupe GTE концепт на Volkswagen е најава за следниот Volkswagen CC, но и за можниот наследник на легендарниот Phaeton!

Концептот ја напушта територијата на која припаѓа сегашниот CC, и благодарение на должината од 5 метри (новиот Passat е долг 4767 милиметри, Audi A6 е долг 4920 милиметри) храбро навлегува во сегментот на премиум седани. Дури и официјалната презентација кажува дека концептот прикажува „нов дизајнерски пристап за идните врвни седани на Volkswagen.“

Големиот седан е Plug-In хибриден автомобил кој носи 4-цилиндричен TSI бензинец со 210 коњски сили, како и електромотор кој нуди 124 коњски сили. Вкупната системска моќност е 245 коњски сили и 500 Nm вртежен момент – доволно за 100 километри на час да се постигнат за 8.6 секундии да се постигне максимална брзина од 232 километри на час. C Coupe GTE може да помине до 50 километри на струја, при брзини до 130 километри на час. Комбинираната потрошувачка изнесува само 2.3 литри на 100 изминати километри, а вкупната автономија е преку 800 километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.