full screen background image
Search

Горивата поскапуваат – цените на бензините и дизелот растат за денар и половина!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи – од вечерва ќе купуваме поскап бензин и дизел!

Според методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 3.31%. Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95. ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за 1.50 денари, и од вечерва еден литар од овие горива ќе чини 69.00, 71.00 односно 54.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.