full screen background image
Search

Официјално: Mercedes-Benz Concept GLC Coupe

Mercedes-Benz го претстави Concept GLC Coupe – вториот SUV со купе линија на брендот – модел кој треба да биде под GLE Coupe во хиерархијата на германскиот производител.

Иако сега за сега луѓето од Mercedes-Benz не потврдуваат ништо, сепак од она што досега го знаеме можеме да бидеме сигурни дека ова е најава за GLC-класата на германскиот бренд, која всушност е наменет да биде замена за сегашната GLK-класа. Всушност, вака би изгледала купе верзијата на овој модел.

Концептот е долг 4730 милиметри, широк 2000 милиметри и висок 1600 милиметри, а има меѓуоскино растојание од 2830 милиметри. Под поклопецот се крие твин-турбо V6 бензинецот од C450 AMG Sport, кој испорачува 367 коњски сили и 520 Nm вртежен момент. Моторот е поврзан со 9-степен 9G-Tronic автоматски менувач кој ја пренесува силата кон сите четири тркала преку перманентен 4Matic погон на сите тркала.

Концептот е поставен на огромни 21-инчни тркала, кои најверојатно нема да бидат дел од серискиот автомобил кога тој ќе се појави на пазарот, а според најавите тоа би требало да се случи наскоро.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.