full screen background image
Search

Објавени новите цени на горивата – бензините остануваат со иста цена, дизелот поевтинува!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави старо-новите цени на горивата во Македонија! Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат исти, додека дизелот ќе има нова, пониска цена!

Малопродажните цени, согласно методологијата за пресметка на цените се намалуваат во просек за 2.15%. Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат исти – односно овие горива ќе се продаваат по цена од 67.50 односно 69.50 денари за еден литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 53.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.