full screen background image
Search

Новата Škoda Fabia пристигна во Македонија!

Градското супермини на чешкиот производител пристигна во Македонија – ветува нови мотори и технологии, како и многу можности за персонализација!

Малата Fabia на Škoda веќе пристигна во салонот во Скопје. Градското супермини на Чешкиот огранок на Volkswagen групацијата ги ветува истите вредности кои сме веќе навикнати да ги очекуваме од Škoda – практичност, рационалност и многу паметни решенија – но овој пат проткаени со подинамичен дизајн и поголема можност за персонализација.

Fabia се нуди со грст бензински и дизел мотори, а понудата започнува со Fabia 1.0 MPI Active која чини 9150 евра. Врв на бензинската поунда е Fabia 1.2 TSI DSG со 110 коњски сили и Style ниво на опременост која чини 14.650 евра, а доколку сакате турбодизел врвот на понудата е Fabia 1.4 TDI со 105 коњски сили во Style ниво на опременост која чини 16.350 евра.

Ние наскоро ќе имаме можност подобро да се запознаеме со малиот автомобил, па ќе ги пренесеме нашите целосни импресии, но уште при првиот контакт впечатоците се позитивни!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.