full screen background image
Search

Нови цени на горивата – бензините и дизелот поскапуваат!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва ќе купуваме поскап бензин и дизел!

Согласно методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата од вечерва ќе порастат за 2.25%. Тоа значи дека малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе се покачат за 2.50 денари и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 67.50, односно 69.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ расте за 0.50 денари и еден литар ќе се продава по цена од 55.50 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.