full screen background image
Search

Volkswagen Passat е Европски Автомобил на Годината за 2015!

Новата генерација на Volkswagen Passat ја освои престижната награда за Европски Автомобил на Годината за 2015, а зад него завршија Citroen C4 Cactus и Mercedes-Benz C-Class!

За титулата се бореа седум финалисти, а на првото место со освоени 340 поени се најде токму Volkswagen Passat. На второто место се најде Citroen C4 Cactus со освоени 248 поени, додека на третото место со освоени 221 поени се најде C-Class на Mercedes-Benz. Македонскиот автомобил на годината – Ford Mondeo – се најде на четвртото место со 203 поени.

Passat освои најголем број поени од 30 од вкупно 58 судии од 22 европски земји. Според судиите, новиот Passat е типичен Volkswagen – во тоа што испорачува квалитет и функционалност во секој аспект. Судиите ги пофалија и димензиите, понудата на простор во внатрешноста и големиот багажник. Според судиите, одличното однесување на патот е одлично искомбинирано со комфорното возење и со тоа се заокружува забавниот карактер на Passat.

Новиот Passat беше еден од кандидатите за Автомобил на Годината во Македонија за 2015 и победи и на онлајн-гласањето на официјалниот сајт на изборот. Ние веќе го возевме Passat, и тоа максимално опремен и со одличниот 2-литарски BiTDI со 240 коњски сили и погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.