KIA во Женева ќе го претстави освеженото Picanto! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA во Женева ќе го претстави освеженото Picanto!

Урбаниот малишан на KIA во Женева ќе го добие своето освежување кое покрај визуелните измени има и неколку технички подобрувања.

Малиот градски автомобил на KIA ќе добие нов преден браник кој ќе го доведе во линија со другите модели на брендот, како и нов заден браник. Ќе се понудат и нови дизајни на трклата, а во внатрешноста купувачите ќе добијат нови хромирани акценти и материјали, како и нов мултимедијален уред со 7-инчен дисплеј кој ги подобрува аудио, видео и навигациските можности на автомобилот.

Од оваа година, Picanto ќе добие и поголеми сопирачки кои го намалуваат трагот на кочење за цели два метри. Освежен е и 1-литарскио MPI мотор кој сега ги задоволива Euro 6 стандардите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.