Еден од автомобилите кои Jeep ќе ги претстави во Женева е Hard Steel изведбата на малиот Renegade кој доаѓа со специјално изработена приколка!
Доработката на автомобилот е изведена од страна на Mopar – „тјунерската“ дивизија на Dodge. Она што највеќе ни го задржа вниманието е приколката која нуди мултимедијален уред поврзан со интернет и Connect Live систем преку кој корисниците можат да уживаат во различни онлајн-сервиси.
Автомобилот е базиран врз Trailhawk изведбата, а и автомобилот и приколката се неофарбани – всушност тие се „покриени“ со четкан алуминиум и детали со мат црна боја. Концептот е поставен на 16-инчни тркала обвиени во теренски BF Goodrich гуми, додека суспензијата е повисока и нуди поголеми теренски способности.
Повеќе од Jeep Renegade Hard Steel ќе видиме во Женева!