Како се наближува стартот на саемот на автомобили во Женева, така гледаме сè повеќе и повеќе најави за концепти и сериски модели – а на оние кои ќе претстават нешто ново, тукушто им се придружи и SEAT!
Шпанскиот производител не објави никакви детали за концептот кој ќе го прикаже во Женева – дури ни неговото име! Сепак, можеме да претпоставиме дека се работи за концепт кој ќе го најави серискиот кросовер на брендот, базиран врз MQB платформата – модел за кој ние веќе зборувавме со David Albos – претставник на Seat со кој ние имавме можност да позборуваме во Скопје.
Дебито на овој концепт е закажано за 3ти Март во Женева – кога ќе бидат објавени сите информации!