full screen background image
Search

Mitsubishi Concept XR-PHEV II ќе го има своето деби во Женева!

Втората верзија на концептот на Mitsubishi ќе го има своето деби во Женева, а познавачите сугерираат дека токму со овој концепт Јапонскиот производител најавува нов сериски модел!

Концептот најавувува мал SUV кој би требало да биде втор PHEV автомобил (покрај големиот Outlander PHEV) – и со одредена доза на сигурност можеме да претпоставиме дека вака ќе наликува можниот ASX PHEV. Студијата носи MIVEC мотор со внатрешно согорување кој ги движи предните тркала, а истовремено има и електромотор кој испорачува 163 коњски сили. Погонот на концептот користи инвертер и систем за варијабилна волтажа за да испорача висока моќност и висок вртежен момент.

Според Mitsubishi, PHEV системот е предвиден примарно да работи во електричен режим, а моторот да работи како генератор и да обезбеди дополнителна моќност кога е потребна. Системот автоматски може да менува меѓу електричен, сериски-хибриден и паралелно-хибриден режим на работа. Mitsubishi ветува емисија на CO2 пониска од 40 грама на изминат километар.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.