Porsche Macedonia му посака добредојде на SEAT во своето семејство! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche Macedonia му посака добредојде на SEAT во своето семејство!

Порше Македонија е и официјално импортер и дистрибутер на возилата од SEAT, а веќе функционира и новиот салон за возилата на Шпанскиот бренд со Германски гени!

Покрај надежта дека ќе се зголеми пазарниот удел на SEAT на Македонскиот пазар и дека ќе ја достигне и надмине бројката од 5%, од Порше Македонија ја најавија и можноста да се купи Seat Leon на лизинг за само 177 евра месечно. Seat е додаден во портфолиото на брендови на Порше Македонија кое веќе ги вклучува Volkswagen, Audi, Skoda и Porsche.

seat-leon-st

Имавме можност накратко да позборуваме со David Albos, претставникот од Seat кој е дојден во Македонија со цел да доприенесе кон оваа трансформација, и го прашавме за намерите на Seat и нивните модели. На прашањето дали Seat ќе го замени сега веќе непостоечкиот Exeo, господинот Albos ни изјави дека моменталната замисла на брендот е дека караванската изведба на Leon е автомобилот кој е наменет за оние на кои им е потребно поголемо и попрактично возило.

Дополнително, ни кажа и дека новиот SUV на Seat кој е веќе и официјално потврден е подготвен за производство – односно дека дизјанот е завршен и дека промоцијата ќе биде на почетокот на следната година за веќе во 2016-тата година да започне со продажбата. Според него, еден од главните конкуренти токму на овој модел ќе биде Nissan Qashqai – модел кој се покажа како навистина успешен, како на Македонскиот, така и на Европскиот пазар.

seat-leon-st-2

Порше Македонија постои од 2005-тата година и досега компанијата има продадено над 15.000 возила на Македонскиот пазар. Оваа манифестација ја искористија и како шанса да ја промовираат караванската изведба на Leon – моделот Leon ST.

Поврзано:   SEAT Ibiza наполни 40 години!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.