NISSAN во Македонија во ново светло на нова локација! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

NISSAN во Македонија во ново светло на нова локација!

Светскиот aвтомобилски гигант и најголемиот тренд-сетер во автомобилската индустрија NISSAN се вдоми во нов екслузивен салон уреден според Јапонските стандарди.

Новиот салон се наоѓа на таканаречената „автомобилска улица” Скупи каде се изложени најновите модели на NISSAN. Според тоа што таму го чувме, започнува ново поглавје за NISSAN во Mакедонија – со засилени кадровски и организациски промени, а тоа пред сè се однесува на интегрирање на тимот од Кадис во NISSAN кои се навистина детерминирани да го донесат брендот на нивото што тој го ужива – број еден Азисиски бренд на Европскиот пазар.

murano

Со понуда од 24 различни модели, иновативни и наградувани кросовери, спортски автомобили, комерцијални возила и најпопуларни електрични возила, NISSAN е производител кој поставува нови трендови и секогаш е меѓу првите со интересни иновации. Веќе ни најавија дека наскоро треба да го очекуваме и новиот Qashqai кој добива одлични оценки од светските автомобилски медиуми!

Новиот салон,засилениот тим и новата организациска поставеност  е вистинска најава  на  успехот што се очекува од новите  модели  за  оваа година. Новиот Qashqai, изменетиот Juke и Новиот X-Trail се атрибутите со кои NISSAN засилено  ќе атакува на Македонскиот пазар.

nissan-juke

Аутомотив Груп ги потврдува своите амбиции NISSAN во Македонија конечно да освои 4% од уделот на пазарот на автомобили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.