Mitsubishi подготвува ASX Кабриолет! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi подготвува ASX Кабриолет!

Меѓу другите интересни концепти и нови модели кои се појавија во текот на вчерашниот ден, се појави и новиот ASX Convertible!

Претпоставуваме дека е наменет за оние кои освен тоа што сакаат да патуваат надвор од урбаниот асфалт, сакаат да го прават тоа под отворено небо – па луѓето од Mitsubishi очигледно се подготвени да одговорат на нивните потреби.

Нема информации со кој мотор ќе се нуди овој интересен кабриолет, но сигурни сме дека што и да изберете – нема да згрешите. Ние веќе го возевме ASX (но за жал, во обична изведба – онаа со кров) па немавме можност да се увериме во неговите кабриолетски способности, но сепак – ние сме убедени во неговите таленти!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.