Skoda ќе нуди Yeti обвиено во вештачко крзно! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda ќе нуди Yeti обвиено во вештачко крзно!

За оние кои сакаат да бидат поблиску до мистериозниот и невидлив снежен човек од Хималаите, Skoda ќе нуди Yeti обвиен во вештачко крзно!

Моделот се вика Yeti Ice, a е изработен во соработка со инженерите на Skoda кои работат на Хималаите. Според инженерите, новата обвивка го олеснува одржувањето на температурата внатре во кабината, па на нивните инженери не им било ладно – без вклучено греење – дури и на Арктикот!

Оние кои ќе го нарачаат Yeti Ice ќе можат да одберат и екстензии на крзното, како и патец на кровот. Дополнително, купувачите ќе добијат доживотна бесплатна испорака на шампон и омекнувач брендиран со логото на Skoda, како и специјален комплет од чешели и четки како би можеле безгрижно и правилно да го одржуваат своето возило!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.