full screen background image
Search

Volkswagen обучи кучиња-спасители да возат!

Volkswagen, заедно со Британската агенција за спасување на животни веќе стартуваше програма со која кучиња-спасувачи ќе се обучуваат да управуваат со моторно возило!

Volkswagen Комерцијални Возила, во соработка со Британското Royal Society for the Prevention of Cruelty to Animals започнува навистина интересен проект – веќе обучија три внимателно избрани кучиња да управуваат со возило – и тоа ни помалку ни повеќе – со големиот Volkswagen Amarok. Обуката е веќе скоро завршена во Hertfordshire, каде кучињата заедно со својот инструктор учеа да возат на автомобил со двојни контроли.

paw-wheel-drive-2

Кученцата ги користат своите предни шепи за да го контролираат управувачот, а со задните нозе го контролираат менувачот, додека педалите за гас и кочница имаат дополнителни продолжетоци за да  можат да бидат искористени од малите, влакнести спасувачи. Благодарение на оваа исклучителна програма, Tulip, Jacob и Harry наскоро ќе се движат по Британските улици во големиот, сребрен Volkswagen Amarok!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.