full screen background image
Search

Повторно покачување на цените на горивата – бензините и дизелот поскапуваат!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва цените на бензините и дизелот се покачуваат за 3, односно 4 денари!

Според методологијата за пресметка на цените која ја користи Регулаторната Комисија за Енергетика, од вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат во просек за 7.74%. Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 3.00 денари, и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 65, односно 67 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 4 денари, и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 55 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.