Toyota ќе претстави фејслифт и на Auris! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota ќе претстави фејслифт и на Auris!

Покрај големиот Avensis, Toyota подготви освежување и за хечбекот Auris, а ќе го претстави на саемот на автомобили во Женева!

Малку неочекувано, и релативно рано во животниот век на хечбекот Auris, Toyota реши да го освежи и да ги затегне брчките на својот кандидат во оваа категорија. Она што можеме да видиме е редизајниран преден браник и нови светлосни групи, како и нов дизајн на фелни. Најзабележливите измени се токму на предниот дел – новиот браник и новите светла му даваат на Auris малку поагресивен и поспортски лик.

Можеме да забележиме и измени во ентериерот, каде ќе се користат поквалитетни материјали, а Auris добива и нов мултимедијален уред, како и нови контроли за клима-уредот. Интересно е што Toyota најавува и нови бензински и дизел мотори, но ќе мора да причекаме до официјалната презентација за да дознаеме повеќе. Во понудата останува и Auris Hybrid – кој е важен модел за Toyota бидејќи половина од продадените примероци на Auris се токму хибриди. Освежените Auris и Avensis ќе се произведуваат во фабриката на Toyota во Burnaston, во Обединетото Кралство.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.