Утринска Гимнастика: Seat Leon ST TGI – 615 километри за само 20 евра! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Seat Leon ST TGI – 615 километри за само 20 евра!

Можноста да се вози на компримиран природен гас е интересна и релативно евтина – погледнете како со само 20 евра експертот за CNG на Seat помина цели 615 километри – од Барселона до Мадрид!

Возењето на метан е можно и кај нас – сè додека имате возило со таков уред, секако. Ние веќе пишувавме за можноста да се монтира метански уред во вашето возило, но сè повеќе и повеќе производители нудат такви возила „од фабрика“. Меѓу тие производители се вбројува и SEAT, кој нуди Leon ST TGI – возило подготвено да вози на компримиран природен гас.

Бидејќи компримираниот природен гас е евтин, возењето со него е 50% поевтино во однос на возењето на бензин, односно околу 30% поевтино во однос на возењето на дизел гориво. Истовремено, се намалува емисијата на штетни гасови а на располагање имате 110 коњски сили од 1.4-литарскиот TSI кој е соодветно подготвен да работи на бензин или на метан.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.