full screen background image
Search

Престижна награда за дизајн за новото Kia Sorento!

Kia Motors продолжува да собира награди за неверојатен дизајн – големиот Sorento за првпат ја доби престижната награда ‘iF Design Award’.

Жирито на глобално признаената награда за дизајн ја одликуваше третата генерација Sorento, што ќе се пушти во продажба низ Европа во март 2015, со награда во категоријата “производи“. Освен наградата за целокупниот квалитет на дизајнот, жирито го оценуваше автомобилот врз основа на повеќе критериуми, како финиш, степен на иновација, влијание на животната средина и безбедност.

Новото Kia Sorento е седмиот модел на Kia што добива iFDesign Award. Секоја година од 2010, најмалку една од посакуваните награди е освоена од Kia Motors. Претходни победници од брендот се Kia Venga, Sportage, Optima, Picanto, Pro_Cee’d и Soul.

kia-sorento-if-design-rear

„Многу сум горд на оваа награда за Kia Sorento бидејќи е признание за големиот напредок во квалитетот што успеавме да го постигнеме во овој модел“, рече Питер Шрејер, претседател и главен дизајнер за корпорацијата Kia Motors и Hyundai Motors.

„Kia Sorento ја спојува класичната елеганција на SUV автомобил со врвниот изглед, што е особено видливо во кабината. Исто така, нуди највисок квалитет на дизајнот и одлична вредност за парите. Ова во голема мера е достигнување на нашите меѓународни дизајнерски тимови – што е исто така причината зошто сум среќен и задоволен со оваа награда.”

Новото Kia Sorento е осмисленo од дизајнерскиот тим на Kia во Намјанг, Кореjа, со помош од Kia центрите за дизајн во Франкфурт, Германија и Ирвин, Калифорнија.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.