full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Тест-возење на новиот Audi R8!

Новиот Audi R8 наскоро ќе го има своето деби, а германскиот производител веќе ги објави спецификациите на новиот супер-автомобил!

На самиот старт, R8 ќе се нуди во две изведби – „стандардната“ изведба ќе доаѓа со 5.2-литарски V10 бензинец кој ќе испорачува 540 коњски сили, додека V10 Plus изведбата ќе нуди 610 коњски сили. Audi R8 ќе ја дели платформата со Lamborghini Huracan, но е значително преработена и околу 3 сантиметри подолга од таа кај Италијанскиот роднина.

V10 Plus верзијата забрзува до 100 километри на час за 3.2 секунди, и има максимална брзина од 330 километри на час. Овој пат нема да има опција со мануелен менувач – обете верзии ќе се нудат со одличниот 7-брзински S-Tronic автоматски менувач со двојна спојка. Не е исклучена ниту опцијата за V8 верзија која би се понудила понатаму, која најверојатно би го добила 4-литарскиот би-турбо бензинец кој се нуди кај други модели на брендот.

Премиерата на R8 е закажана за саемот на автомобили во Женева!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.