full screen background image
Search

Honda ги објави сите детали за освежениот европски Civic!

Honda ги објави сите детали за фејслифтот на европскиот Civic, кој покрај визуелните измени ќе добие и технолошки подновувања, но и нови мотори!

Она што го гледаме на фотографиите е изведбата Sport која асоцира на Civic Type R, а новитетите вклучуваат нови браници, странични прагови, заден спојлер, изменети предни и задни светлосни групи и уште некои ситни детали.

Во внатрешноста, освежениот Civic ќе добие нови материјали за ентериерот и нова централна конзола со Honda Connect мултимедијален уред. Овој уред со 7-инчен екран има дигитално радио, Bluetooth поврзување, поврзување со интернет, сателитска навигација и задна паркинг камера. Кај освежениот Civic деби ќе има и освежената суспензија како и нови системи за активна безбедност.

Европскиот Civic ќе се нуди со неколку различни мотори – новитет е 1.6-литарскиот i-DTEC турбодизел кој испорачува 120 коњски сили при 4000 вртежи и 300 Nm при 2000 вртежи во минута. Во понудата остануваат 1.4-литарскиот i-VTEC со 100 коњски сили и 127 Nm, како и 1.8-литарскиот i-VTEC со 142 коњски сили и 174 Nm вртежен момент кој може да се нарача со автоматски или мануелен менувач. Сега за сега нема информации кога во Civic ќе пристигнат и новите турбо-бензинци на Honda.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.