full screen background image
Search

Цените на горивата одат нагоре – бензините и дизелот поскапуваат!

По неколкукратното намалување на цените, вечерва бензините и дизелот поскапуваат!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, повисоки цени на горивата. Според метологоијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 6.25%, а преведено во реални вредности тоа значи значително поскапување.

Од вечерва на полноќ, цената еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се зголеми за 3 денари и еден литар од ова гориво ќе чини 62 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се покачува за 3.50 денари и еден литар ќе чини 64 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 2.50 денари и еден литар дизел ќе чини 51.00 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.