full screen background image
Search

Opel најави нови дизел мотори за урбаната Mokka и знаменосецот Insignia!

Германскиот производител со гордост најави нови турбодизел мотори кои ќе се вградуваат во Mokka и Insignia, а имаат за задача да ги привлечат купувачите кон овие модели.

Opel најавува екстремно тивко работење, висок степен на моќност и вртежен момент во комбинација со ниска потрошувачка на гориво и издувување на гасови – овие се клучните елементи на новата генерација на турбодизел мотори наменети за Mokka и за Insignia. Овие модели сега може да се нарачаат со нови модерни четири-цилиндрични турбодизел мотори. Новиот 1.6 CDTI со 100 kW/136 КС во Mokkа ветува многу забава преи возењето, и тоа за основна цена од 24.685 €. Insignia седан верзијата ќе биде достапна со 2.0-литарски турбо дизел мотор со 125 kW/170 КС од 29.895 € (со вклучен ДДВ во Германија).

Двата најважни фактори кои придонесуваат за високите перформанси – и истовремено нудат одлична економичност – се VGT турбополначот со варијабилна геометрија и common rail системот за директно вбризгување на горивото со висок притисок. Вбризгувачите можат да ги снабдат цилиндрите под притисок од 2000 бари со до 10 импулси на вбризгување по циклус на работата на цилиндерот, што обезбедува голема моќност, подобрена атомизација на горивото и ефикасно мешање со воздух.

Opel Mokka со новиот 1.6-литарски CDTI е достапен со погон на предните тркала и шест-брзински рачен или автоматски пренос. Погонот на сите тркала доаѓа со шест-брзински рачен пренос. Kaj Insignia седан и Sports Tourer новиот 2-литарски турбодизел може да се комбинира со шест-брзински пренос, погон на предните тркала и погон на сите тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.