full screen background image
Search

Hyundai i20 ја доби престижната iF Design Award за 2015!

Новата генерација на i20 ја доби наградата за дизајн во категоријата за продукти, а наградата е одличен показател за насоката во која се движи корејскиот производител!

Hyundai i20 доби престижна награда – ја освои iF наградата за дизајн во категоријата „Продукти“, односно категоријата за Автомобили, Возила и Моторцикли. Наградата го препознава рафинираниот дизајн на новиот член на Hyundai фамилијата, која според Hyundai ја следи најновата интерпретација на Fluidic Design дизајнерската филозофија.

hyundai-i20-award-rear

Автомобилот е дизајниран од страна на Hyundai Motor Design Centre Europe во Риселхајм, Германија, а тимот таму посветил особено внимание на постигнување на избалансирани пропорции. Предниот дизајн му дава моќен став на автомобилот, а црните Ц-столбови му даваат уникатен „лебдечки“ дизајн на коровот. Peter Schreyer, одговорниот за дизајн на Hyundai Motor Group изјави дека е почестен со меѓународното признание кое Hyundai го доби. „Дизајнот игра важна улога во оформувањето на нашиот бренд и мотивацијата на купувачите да купат наши возила, па среќни сме што добивме толку престижно признание од почитува авторитет во дизајнот.“

Доделувањето на наградите го подготвува iF International Forum Design GmbH, а годинава имаше скоро 5000 кандидати од 53 земји. Ние се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да седнеме зад воланот на i20 и подобро да се запознаеме со урбаниот хечбек на Hyundai.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.