full screen background image
Search

Уловен Lamborghini Aventador SV пред официјалното деби во Женева!

Екстремната, Super Veloce изведба на Lamborghini Aventador беше уловена пред нејзината официјална промоција – и од она што можеме да видиме – изгледа навистина агресивно!

Купувачите можат да очекуваат зголемена моќност, подобрена аеродинамика и намалена тежина – но што тоа значи  во бројки, сè уште не знаеме. Оние кои подобро ги знаат работите сугерираат околу 750 коњски сили, и намалување на тежината за околу 100 килограми.

Lamborghini планира да го претстави Aventador Super Veloce на саемот на автомобили во Женева во Март, но не би биле изненадени доколку официјални фотографии се појават и порано.

Фотографија: Borja Perez / CarPix



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.