Renault официјално го претстави новиот Kadjar! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault официјално го претстави новиот Kadjar!

Renault го претстави својот нов SUV кој треба во понудата да дојде над Captur и да понуди поголем автомобил за оние кои сакаат малку повеќе простор и теренски способности.

Малиот Captur е специфичен модел, наменет за оние кои ја сакаат повисоката возечка позиција на кросовер моделите, но немаат премногу теренски амбиции – сепак Captur не може да се нарача со погон на сите четири тркала.

Затоа, сега е тука Kadjar. Автомобилот со несекојдневно име ќе биде поставен над Captur во понудата на Renault и ќе проба да привлече купувачи во релативно компетитивната, но интересна категорија. Renault не објавува кои мотори ќе се вградуваат во Kadjar, но сигурни сме дека ќе се понудат истите мотори кои се нудат кај сестринскиот Nissan Qashqai – 1.2-литарскиопт DIG-T бензинец со 115 коњски сили, 1.6-литарскиот DIG-T бензинец со 150 коњски сили, како и 1.5-литарскиот dCI турбодизел со 110, односно 1.6-литарскиот dCi со 130 коњски сили.

Стандардно ќе се нуди старт-стоп систем, а Kadjar ќе може да се нарача со погон само на предните или на сите четири тркала. Според Renault, Kadjar е оддалечен цели 190 милиметри од подлогата – сосема доволно за она што се очекува од еден ваков автомобил. Продажбата ќе започне ова лето.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.