Големото луксузно купе на Mercedes-Benz и малиот врескачки седан на Mercedes-AMG пристигнаа во салонот на Мак Аутостар во Скопје!
Два несекојдневни автомобили пристигнаа и кај нас – големиот и луксузен S-Class Coupe кој е олицетворение на престижот и аристократијата, но и малиот CLA седан базиран на A-Class кој под поклопецот на моторот крие 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 360 коњски сили!
S500 Coupe крие 4.7-литарски BiTurbo V8 и испорачува 455 коњски сили и 700 Nm вртежен момент! Големиот мотор соработува со автоматски менувач и му овозможува на луксузното купе да постигне 100 километри на час за 4.7 секунди!
Mercedes-AMG CLA 45 под поклопецот на моторот крие 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 360 коњски сили. Моќта се пренесува на сите четири тркала преку автоматски менувач и џебната ракета на AMG забрзува до 100 километри на час за 4.6 секунди!