full screen background image
Search

Регулаторна одлучи – цените на горивата повторно се намалуваат!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи – малопродажните цени на горивата повторно се намалуваат – бензините поевтинуваат за 1.50, односно 2 денари, дизелот поевтинува за 2.50 денари!

Согласно методологијата за пресметка на цените, Регулаторната Комисија за Енергетика пресмета нови цени кои ќе важат од вечерва на полноќ. Новите цени се во просек за 4.93% пониски од досегашните. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 1.50 денари, и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 59 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 2 денари и еден литар ќе се продава по цена од 60.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2.50 денари, и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 48.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.