Renault подготвува нов кросовер со името Kadjar, премиерата е закажана за 2-ри Февруари! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault подготвува нов кросовер со името Kadjar, премиерата е закажана за 2-ри Февруари!

Францускиот производител подготвува уште еден кросовер автомобил кој би требало да биде негова верзија на Nissan Qashqai – а премиерата е закажана за 2-ри Февруари!

Несекојдневното име на моделот доаѓа од комбинацијата KAD и JAR. KAD потекнува од Quad и ги симболизира теренските способности на моделот и погонот на сите четири тркала, а JAR го референцијра францускиот зборови за агилност и „изненадувачко појавување“. Сега за сега нема никакви официјални информации ниту пак фотографии, но од Renault најавуваат дека секој ден ќе откриваат по еден мал делод Kadjar на социјалните медиуми сè до официјалното претставување кое е закажано за 2-ри Февруари.

Од гласините кои кружат, можеме да претпоставиме дека Kadjar ќе биде базиран на CMF платформата на која е поставен и Qashqai, а ќе биде позициониран над Captur во хиерархијата на брендот. Јавната премиера ќе се случи на саемот на автомобили во Женева во Март, а продажбата ќе започне оваа есен.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.