full screen background image
Search

Peugeot и Bimota подготвија специјален RCZ-R со 300 коњски сили!

Францускиот производител соработуваше со италијанскиот производител на спортски моторцикли за да понуди специјална изведба на спортскиот RCZ R!

Задолжен за придвижување на оваа специјална изведба е тјунираниот 1.6-литарски турбо-бензинец кој се вградува во RCZ-R. Овој мотор, благодарение на софтверските надоградби и мали механички измени на турбополначот сега испорачува 300 коњски сили – значително зголемување од фабричките 270 коњски сили. Предните сопирачки се заменети со големи 380-милиметарски компоненти, а автомобилот е дополнително доближен поблиску до подлогата за 10 милиметри.

Во внатрешноста многу од материјалите се заменети со алкантара и кожа, а задните седишта се целосно извадени и заменети со кутија за две кациги, а како дел од сериската опрема се и две GoPro камери – една во покривот, другата во предниот браник.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.