full screen background image
Search

WRC: Доминацијата на Volkswagen продолжува – Трета победа на Sebastien Ogier во Монте Карло!

Благодарение на брзото, но внимателно возење во француските Алпи, Sebastien Ogier стигна до својата трета победа на релито во Монте Карло!

Двојниот светски шампион на почетокот беше вистински предизвикан од легендарниот Sebastien Loeb, но сепак ја извојува конечната победа со предност од 58.0 секунди! Ogier, кој вози Volkswagen Polo R WRC заврши на првото место пред тимскиот колега Jari-Matti Latvala, а на третото место заврши Норвежанецот Andreas Mikkelsen – и со тоа му донесоа 1-2-3 победа на производителот!

Водството се префрлаше меѓу Ogier и Loeb во првите седум делници, но Loeb удри во камен и ја оштети суспензијата на својот Citroen DS3 WRC и тука завршија неговите аспирации за победа во Монте Карло. Благодарение на внимателното и контролирано возење, но и добриот избор на пневматици, Ogier стигна до победата.

На четвртото место заврши Mads Ostberg во неговиот DS3, додека на петтото и шесттото место завршија тимските колеги од Hyundai – Thierry Neuville и Dani Sordo. Седмата позиција му припадна на Elfyn Evans, осми заврши Loeb, пред Martin Prokop и Kris Meeke.

Втората рунда продолжува во Шведска, од 12-ти до 15-ти Февруари, а во продолжение погледнете како изгледаше тркањето во Монте Карло!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.