full screen background image
Search

Европските купувачи заинтересирани за SUV и Кросовер моделите!

Сегментите во кои припаѓаат SUV и Кросовер автомобилите земаат вистински замав, а производителите се подготвуваат да одговорат на зголемената побарувачка за овие возила на пазарот!

Оваа година ќе биде значајна за моделите кои се вбројуваат во SUV и Кросовер категориите. Најважните новитети се Audi Q7 и Volvo XC90, но годинава ќе видиме и нови модели од Volkswagen, Mercedes-Benz, Toyota, Renault и многу други. Renault ќе лансира нов модел базиран на Nissan Qashqai, Hyundai ќе претстави нов ix35, а неговиот сестрински бренд KIA ќе претстави нов Sportage.

Ни премиум производителите нема да заостанат – BMW ќе претстави замена за X1, а Mercedes-Benz покрај несекојдневниот GLE, ќе го претстави и GLC – наследникот на GLK. Меѓу другите производители кои ќе лансираат нови или освежени SUV/Crossover автомобили, тука се и Fiat со 500X, Honda со новиот HR-V, се очекува новото Sorento да пристигне веќе следниот месец, а во истиот период треба да започне и продажбата на Land Rover Discovery Sport.

Mazda подготвува проширување на својата гама со малиот CX-3, кој всушност е базиран на Mazda 2, а кон крајот на годината Volkswagen ќе го претстави и наследникот на Tiguan.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.