full screen background image
Search

Започна производството на Mercedes-Benz CLA Shooting Brake!

Новиот Mercedes-Benz CLA Shooting Brake започна да се произведува, и тоа во фабриката на Mercedes-Benz во Kecskemet, Унгарија!

Mercedes-Benz гордо објави дека новиот член на A-Class фамилијата – стилскиот караван наречен CLA Shooting Brake започна да се произведува. Дизајнерите од Mercedes се горди што во компактен караван нудат багажен простор од вкупно 1354 литри, а истовремено автомобилот ќе може да се нарача со неколку различни бензински и дизел мотори. На врвот се наоѓа CLA 45 AMG Shooting Brake со 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 360 коњски сили и 450 Nm вртежен момент кои ги пренесува на сите четири тркала преку AMG SPEEDSHIFT менувачот со двојна спојка.

cla-shooting-brake-factory

На оваа верзија и се потребни само 4.7 секунди да постигне 100 километри на час, а максималната брзина е ограничена на 250 километри на час. Во продолжение, погледнете како се произведуваат CLA и B-Class во фабриката во Унгарија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.