full screen background image
Search

Volkswagen го претстави новото Polo R WRC!

Volkswagen го претстави новото Polo R WRC – автомобилот со кој повторно ќе атакува кон титулата на Светскиот Рели Шампионат!

Германскиот производител убедливо доминираше во Светскиот Рели Шампионат (WRC) изминативе две сезони, и ги освои титулите и кај возачите, и кај конструкторите. На една недела пред почетокот на новата сезона, Volkswagen ја претстави новата, втора генерација на автомобилот со кој возачите ќе се борат за нови победи.

Веднаш се забележува новиот дизајн на брендирањето на екстериерот, но оние повнимателните ќе забележат нови предни светла и нов заден спојлер, а автомобилот има и многу подобрување под „кожата.“ Главната иновација е новиот, хидраулично-активиран менувач кој се контролира преку лопатки поставени на управувачот. Вкупно, три четвртини од компонентите на стариот автомобил се прегледани и голем дел од нив се освежени и подобрени, со цел автомобилот да биде „поедноставен, полесен и посилен“. Според Volkswagen, главниот фокус при развивањето на новиот автомобил бил посветен на ефикасноста, доверливоста и перформансите.

Новата сезона започнува на 22ри Јануари, а за тимот на Volkswagen ќе возат Sebastien Ogier/Julian Ingrassia, Jari-Matti Latvala/Miika Antilla и Andreas Mikkelsen/Ola Floene. Сезоната започнува во Монте Карло, а ќе заврши на 15ти Ноември во Велика Британија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.