Skoda го најми Португалскиот графити-артист Armando Gomes да ја трансформира новата Fabia во улична уметност на тркала!
Уникатната Fabia е направена со цел да ги покаже можностите за персонализација на новото супермини на Skoda. Според Skoda, новата Fabia може да се нарача во 125 различни комбинации на бои, благодарение на 15-те основни бои кои можат да се комбинираат со различни бои за кровот, столбовите, капачињата на ретровизорите и тркалата.
Armando Gomes ја направил уникатната Fabia во неколку стадиуми – прво ги означил геометриските форми на автомобилот, а потоа ја нанел бојата на различните површини.
Интересен проект, зарем не?