BMW ја освежи Серијата 1, веќе ја нема непривлечната предница! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW ја освежи Серијата 1, веќе ја нема непривлечната предница!

Серијата 1 на Баварскиот производител никогаш не стана вистински популарна, иако се работи за навистина способен автомобил – со новиот изглед и новите мотори BMW ќе се обиде да привлече повеќе купувачи!

BMW Серија 1 ќе добие нови мотори – и за прв пат во BMW 1 ќе се нудат мотори со три цилиндри – како бензински, така и дизели. Моторите се со зафатнина од 1.5 литри, имаат три цилиндри и турбополнење. 116d и 116d EfficientDynamics имаат по 116 коњски сили, а бензинскиот 116i нуди 109 коњски сили.

Освежена е и гамата на 2-литарски мотори – дизелите се со ознака 118d со 150 коњски сили, 120d со 190 коњски сили и 125d со 224 коњски сили. Бензинците се 118i со 136 коњски сили, 120i со 177 коњски сили и 125i со 218 коњски сили. Секако, тука е врвниот M135i со 3-литарски турбо-полнет линиски шест-цилиндерец кој нуди 326 коњски сили и постигнува 100 километри на час за 5.1 секунда, односно 4.9 доколку го изберете автоматикот. Доколку отидете чекор понатаму и го одберете со xDrive погон на сите четири тркала, „стотка“ пристигнува за 4.7 секунди.

Гледан од надвор, BMW 1 добива нови предни светла со поправилен облик, нова предна маска на ладилникот и нови браници, како напред, така и позади. И задните светла се редизајнирани и пошироки, а за прв пат ќе се нудат и целосно-LED предни светла. Продажбата ќе започне во текот на оваа година, по премиерата за време на Саемот на Автомобили во Женева.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.