full screen background image
Search

Интересни детали: Што значат буквите на регистерските таблички на производителите?

Сигурно сте приметиле дека на официјалните фотографии на германските производители автомобилите имаат слични комбинации на букви – но што тие значат?

Доколку редовно ги следите автомобилите, сигурно сте забележале дека кај некои производители – особено германските – буквите на регистерските таблички на официјалните фотографии се повторуваат. На пример, на моделите на Volkswagen, првите букви на табличките се WOB, на Ford првата буква е K, на Opel се GG, табличките на моделите на Audi започнуваат со IN, додека кај Mercedes-Benz и Porsche, првата буква е S.

Објаснувањето е лесно – овие автомобили ги носат табличките на градовите во кои е седиштето на компанијата.

Да започнеме со Opel – нивното седиште е во Rüsselsheim, во областа Groß-Gerau во Германија, па одтаму буквите GG на нивните таблички.

opel-astra-opc

Седиштето на Volkswagen е во Wolfsburg, па одтаму и WOB табличките.

volkswagen-golf-r

Луксузниот бренд на Volkswagen – Audi – има седиште во Ingolstadt – па на табличките на овие возила се  користи ознаката IN.

Fahraufnahme    Farbe: Estorilblau Kristalleffekt

Кога сме кај Volkswagen групацијата – Porsche се наоѓа во Stuttgart, па на табличките ја има ознаката S.

porsche-911

Истото правило важи и за Mercedes-Benz, чие седиште е во Stuttgart.

mercedes-amg-c63

BMW се наоѓа во Минхен (München), па затоа табличките на официјалните фотографии на возилата на овој производител започнуваат со буквата М.

bmw-m3

И конечно – Ford. Европското седиште на Ford е во Келн (Köln), каде имаат и фабрика, возилата на Ford на официјалните фотографии имаат таблички кои започнуваат со буквата K.

ford-mondeo

Уште еден трик кој го користат прозводителите – особено оние кои имаат, седиште, дизајнерски студија или некакви погони во Велика Британија – е да користат таблички со симетрични бројки и букви – за фотографиите да можат да бидат обратно завртени, за воланот да биде од левата или десната страна, без тоа да биде забележливо.

ford-mondeo-flipped



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.