Утринска Гимнастика: 900 километри во автономниот Audi A7 Piloted Driving Concept! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: 900 километри во автономниот Audi A7 Piloted Driving Concept!

Автономниот концепт на Audi успешно заврши 900-километарско патување од Силиконската Долина до Лас Вегас – и ги демонстрираше своите способности да функционира во вистинскиот свет!

Концептот на Audi (кој истовремено го носи и прекарот „Џек“) успешно го заврши патувањето со должина од 900 километри и пренесе автомобилски новинари од Силиконската Долина, до вратите на CES шоуто во Лас Вегас. Долгиот тест остави позитивни импресии кај новинарите кои имаа можност да седнат зад воланот, особено во услови на густ метеж.

Новинарите можеа да видат како автономното возило се снаоѓа во различни ситуации на автопатиштата, но и во градскиот метеж. Возилото може да забрза од 0 до 113 километри на час и може самото да менува ленти и насока на движење, како и да претекнува други возила. Кога авто-пилотот ги достигнува границите на своите можности, го предупредува возачот да преземе контрола.

Погледнете како изгледаше тестирањето и возењето!

Види мамо, без раце!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.