full screen background image
Search

Volvo S60 Cross Country – Седан со авантуристички амбиции

Сигурни сме дека во Volvo имаат оддел кој се занимава со одговарање на несекојдневните барања на клиентите – и од таму потекнува S60 Cross Country.

Новото Volvo S60 Cross Country треба да ја доживее својата премиера следната седмица на саемот на автомобили во Лос Анџелес. Кросоверот изведен од големиот седан на Volvo е вистински новитет – никој од конкурентите не нуди кросовер седан.

Луѓето од Volvo се храбри – и изјавуваат дека S60 Cross Country е првиот премиум седан кој ги има истите теренски способности и робустни дизајнерски детали кои ги познаваме од кај Cross Country караваните на брендот.

S60 Cross Country е поставен на суспензија која е дополнителни 65 милиметри подалеку од подлогата, и користи систем за погон на сите четири тркала како и V60 Cross Country, а на некои пазари (меѓу кои и Европскиот), ќе се нуди и со погон само на предните тркала. Ќе зе вградуваат 18 или 19-инчни тркала со високопрофилни гуми кои треба да го подобрат комфорот и да ја намалат бучавата.

Во понудата ќе се најдат еден бензински мотор и два турбодизели. Бензинецот со ознака T5 ќе носи 2-литарски пет-цилиндерски турбо мотор со 250 коњски сили, а во Европа ќе се нудат и D4 со 190 коњски сили, а понатаму ќе се нуди и 2.4-литарски турбодизел со погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.