Премиера: Seat Leon ST Cupra 280 – Фамилијарен караван со спортски дух и 280 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Seat Leon ST Cupra 280 – Фамилијарен караван со спортски дух и 280 коњски сили!

Шпанскиот огранок на Volkswagen го претстави најновиот член на Cupra фамилијата – големиот караван со спортски гени и 2-литарски турбо-бензинец со 280 коњски сили!

Спортскиот караван ги носи истите детали како и хечбекот и купето – агресивниот бодикит, големите спортски тркала и другите спортски ситници – но сепак најважен е 2-литарскиот турбо-бензинец кој испорачува 265 или 280 коњски сили, а обете верзии имаат на располагање 350 Nm вртежен момент од 1700 до 5600 вртежи во минута.

На Leon ST Cupra 280 му се потребни рамно 6 секунди да забрза до 100 килоемтри на час (кога е опремен со DSG менувачот со двојна спојка), а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час. Кога е потребно, тука се 587 литри багажен простор, односно 1470 литри ако се спуштени задните седишта.

Во внатрешноста, Leon ST Cupra добива спортски управувач, спортски седишта обвиени во алкантара со бели опшивки, како и алуминиумски педали и штитници на праговите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.