full screen background image
Search

Новиот Volkswagen Passat GTE има интересни амбиции!

Интересна насока во која би можел да се движи новиот хибриден Volkswagen Passat GTE – би можел да биде возило на полициските сили!

Volkswagen замислува како би можело да изгледа полициското возило на Германија во иднина, и тоа преку караванската изведба на хибридниот GTE модел. Возилото ги задоволува тактичките потреби на полицијата благодарение на полициските налепници, звучната и светлосна сигнализација, како и дигиталното радио и држачите за оружје, а бидејќи се работи за караван има доволно простор за сиот друг материјал кој би бил потребен.

passat-gte-police2

Бидејќи се работи за GTE, на располагање стојат 218 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, а автомобилот може да помине повеќе од 1000 километри комбинирано возење со еден резервоар гориво, и 50 километри на електричен погон. Забрзувањето до 100 километри на час трае помалку од 8 секунди, а максималната брзина е 220 километри на час. Доколку се вози на струја, максималната брзина е 130 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.