Официјално: Сериската Honda NSX пристигнува во Јануари! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Сериската Honda NSX пристигнува во Јануари!

По долгото најавување, сериската верзија на втората генерација Honda (Acura) NSX ќе биде официјално претставена во Јануари, на саемот на автомобили во Детроит!

Според луѓето од Honda/Acura, новиот NSX ќе понуди „ново спортско искуство“ и ќе биде „ултимативниот израз на перформансите на Acura кои го придвижуваат ре-енергизираниот бренд“. Без да навлегуваат во многу детали, кажуваат дека автомобилот ќе има хибриден погон со три мотори и два турбо-полначи.

Новиот NSX беше дизајниран во Acura Design Studio во Torrace, Калифорнија и е развиен од глобален тим на инжинери. Се очекува погонот да доаѓа од средно-поставен V6 кој ќе соработува со неколку електромотори. Новиот модел е веќе распродаден во обединетото кралство, а според она што е најавено, новиот NSX ценовно ќе биде поставен да биде конкурент на Audi R8, а ќе нуди перформанси на Ferrari 458 Italia.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.